Специфично чистење

СПЕЦИФИЧНО ЧИСТЕЊЕ

Клин кат сервис, во својата понуда  има  една мошне важна услуга  а тоа е специфично чистење.
Велиме важна бидејќи овозможува активирање на просторот од нулта фаза, (по градежни зафати, исфрлање на градежен шут, комплетно средување, грубо па темелно чистење), во фаза спремна за понатамошен  нормален живот, работа, издавање или продажба.

Оваа услуга најчесто се користи поради лошата состојба на просторот од различни причини, а најчесто поради негово долго не користење.

Доаѓањето на нашиот претставник е бесплатен, врз основа на увидот на просторот можеме да Ви дадеме  најдобар предлог и понуда за изведување на овој тип на услуга.