Итни интервенции

ИТНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Клин кат сервис, во својата понуда  има  една мошне важна услуга,  а тоа е итната интервенција.

Велиме важна бидејќи овозможува активирање на просторот од нулта фаза, во фаза подготвена за понатамошен  нормален живот или работа, а претставува чистење по претрпена катастрофа која се случила на просторот.

Итната интервенција е чистење на местата, просторот по  настанат пожар, поплава,земјотрес или други не сакани непогоди настанати по природен пат или грешка од човечки фактор.

Услугата, итна интервенција,  претставува чистења кои треба  да се направат ВЕДНАШ,  за  да се зачува здравјето на корисникот или просторот да се оспособи за секојдневни обврски на корисникот.

Доаѓањето на нашиот претставник на местото е  бесплатен и по основ на увидот на состојбата во просторот, можеме да Ви дадеме најдобар предлог, понуда за изведување на активностите.

Екипата за итна интервенција во својата реализација започнува веднаш по прифатената понуда од Ваша страна  и започнува во одредена фаза која зависи од самата катастрофа. Кога велиме фаза подразбираме  посебен приод , припрема, чистење и дезинфекција.