За нас

Основна дејност на КЛИН КАТ СЕРВИС Дооел е професионално чистење и одржување на хигиена на ентериери и екстериери, на деловни, јавни и станбени простории и објекти.

Потребата на пазарот од услуги за хигиена, за квалитетен и посветен партнер, е директно поврзано со нашето генерирачко мото „Тука сме за да направиме разлика“, кое неслучајно е избрано и претставува наша трајна определба. Тоа ја дефинира насоката по која се движиме.

Точна, квалитетна, професионална и финансиски прифатлива услуга, се карактеристиките кои целиме да ги добиеме од задоволните клиенти.

Високиот степен на квалитет на понудените услуги се стремиме да го достигнеме секојдневно, со стручниот тим и современата опрема, по највисоките светски стандарди во оваа област. Особено во време на пандемија со Ковид 19, имаме огромна одговорност пред нашите клиенти за нивната безбедност, каде покрај класичното одржување на хигиена, просториите мора да бидат и дезинфицирани.

Нашиот тим го сочинуваат високо квалификувани лица. Нивната безбедност претставува наш приоритет. Целта ја постигнуваме со нивна постојана едукација која резултира со безбедна употреба на опрема и еколошки потврдени средства при работата за достигнување на високо поставените критериуми за извршување на работните задачи.

Тимската работа е методот кој го користиме за сите задачи да ги извршуваме во договорениот рок и начин со препознатлив квалитет.

Нашата крајна мисија корелира со визијата да прераснеме во сериозен и долгорочен партнер на нашите клиенти, да го подигнеме критериумот на квалитет и да го одржиме на потребното ниво.