Деловни простории

ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ

Генералното чистење на деловните простории најчесто се вршат по делумно или комплетно реновирање на просторот, по извршени градежни зафати, по некоја прослава, поради примопредавање на самиот простор или доведување на хигиената на комплетниот или парцијалниот дел на деловниот простор.

Услугата се активира по потреба и подразбира ангажирање на поголем дел на работници бидејќи станува збор за поголем обем на работа, за краток временски рок.

ПЕРИОДИЧНО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ

Периодично чистење на просторот најчесто се врши поради доведување во ред на хигиената на комплетниот или парцијалниот дел од деловниот простор во посакуваната состојба и поради замена на Вашите постојани работници кои се спречени во моментот даги извршат своите обврски.

Услугата се активира по потреба и подразбира чистење на деловниот простор во кој веќе постои работник за оваа намена кој Вие претходно сте го ангажирале, но поради специфичноста на просторот или активноста Вашиот работник не во можност сам тоа да го стори.

РЕДОВНО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ

Редовното чистење на деловните простории се наша редовна грижа која во договор со корисниците  по генералното или периодичното чистење на деловниот простор.

Услугата подразбира претходно дефиниран број на ангажирани работници, ставки за одржување и чистење, време на одржување, денови за одржување со еколошки средства и професионална опрема.

ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ

Овој тип на услуга подразбира и поправка на:

  • електрика -замена на сијалични уреди, штекери, електрични табли, кабли и слично,
  • водовод – монтажа и демонтажа на санитарија, замена на вентили, црева и слично,
  • ситна столарија и браварија – поправка на вратички од фиоки, шкафчиња, замена на шарки и брави,
  • чистење на клима уреди,
  • хортикултурно уредување на дворната површина.

Услугата подразбира точно дефиниран број на ангажирани работници, ставки за одржување и чистење, времетраење на услугата и денови на одржувањето.

ЗАМЕНА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР

Стоиме на располагање, додека Вашиот персонал користи годишен одмор, ние можеме да понудиме соодветна замена за да се одржи квалитетот на хигиената во Вашиот објект. Годишно тоа е најмaлку еден месец отсуство по вработен.

Услугата се активира по потреба и подразбира, ангажирање на еден или поголем број на работници, во зависност од барањето на клиентот.